ММА натпреварот меѓу Луис Гонзалес (Мексико) и Луис Бирн (Република Ирска) во рамките на полуфиналето на „IMMAF Super Cup 2022“ неочекувано го привлече вниманието на јавноста поради тоа што му се случи на судијата Скот Менхарт!
Имено, случајот на Менхарт уште еднаш покажа дека не е лесно да се биде судија во рингот, со оглед на тоа што наместо борец, тој „испи“ нокаут и се најде на подот.
Токму Гонзалес невнимателно реагираше и го шутна во глава судијата кој „падна како покосен“.
Она што е интересно е што Мексиканецот не ни дојде да види дали се е во ред, а некои велат дека се му се вратило со тоа што го изгуби мечот.
So a referee just got KO'd by a rolling thunder during @bravemmaf's IMMAF Super Cup 2022 Semi Finals… 👀@mmasupercup | @immafed pic.twitter.com/Igf9ARht4S
— MMAFighting.com (@MMAFighting) March 10, 2022