Американскиот ММА борец Колби Ковингтон упати провокативна порака до претстојниот ривал за титулата во полусредна категорија на UFC – Рафаел дос Ањос од Бразил. Дуелот помеѓу двајцата ќе се одржи на 9 мај во рамките на UFC 225.
Ковингтон, кој е познат по својот жесток темперамент, пушти во Инстаграм снимка во кое е во друштво на две дами од филмовите за возрасни.
Тој се обраќа кон идниот ривал со погрдни зборови, откако го нарекува „кучка“, која ќе ја победи, пред да се оддаде на „кардио-тренинг“ со своите две компаньонки.