ММФ: Европејците работат се помалку и помалку часови, особено мажите

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Европејците работат сè помалку часови, особено мажите, е заклучокот од студијата објавена на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на својата веб-страница.

Вкупниот број на работни часови во Европа и вработеноста се вратија на нивото од периодот пред пандемијата, но просечниот број на работни часови по лице продолжува да опаѓа, велат авторите на студијата насловена „Анализа на падот на просечен број на работни часови во Европа“.

Просечното работно време по вработен во Европа е нешто под 37 часа неделно, а мажите сè уште работат нешто повеќе од жените, бидејќи поминуваат 39,9 часа неделно на работа, а жените 34,7 часа.

Слични содржини