По 21 години, мисијата на ММФ за прв пат ќе остане без свој претставник во Македонија.
ММФ одлучи по завршувањето на мандатот на сегашниот претставник Патрик Житон, да не назначува нов. Сепак канцеларијата во Скопје ќе продолжи да работи и ќе врши надзор на макроекономските показатели и политики, информира Телма.
„При носењето на оваа одлука,фондот имаше предвид дека силно присуство натерен е помалку потребно во отсуство на програма на ММФ во Македонија “
Одлуката на ММФ иако е соопштена со дипломатски речник, според дел од економистите испрака многу сериозна порака која може да создаде паника и забуна кај инвеститорите,потрошувачите и економските агенти. Прашање е вели професорот Абдулменаф Беџети зошто се носи во време кога нивното присуство е најпотребно од аспект на макроекономската стабилност.
Целиот текст можете да го прочитате тука
