ММФ ја дисквалификува Грција за новата финансиска помош

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не може да учествува во трета финансиска помош за Грција, во оваа фаза, објави лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на документ на ММФ.

mmf_56

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на состанок што се одржал доцна вечер во средата, одборот на ММФ заклучил дека нивото на грчкиот долг е премногу високо и оти нивото на спроведување реформи од страна на Грција е премногу мало за земјата „да се квалификува за помош“ согласно правилата на Фондот.

Преговарачи на ММФ ќе учествуваат во разговорите за програмата за финансиска помош за Грција, но тие „не можат да постигнат договор на ниво на персонал во оваа фаза“.

Фондот ќе одлучи дали да ќе учествува само откако Грција ќе постигне договор за сеопфатен сет на реформи и откако кредиторите од еврозоната ќе се договорат за отпишување на долгот, се вели во документот од четири страници до кој дошил „Фајненшл Тајмс“./MIA