ММФ ја претстави економската “реалност” за Македонија

од desk3
106 прегледи

Денеска Меѓународниот монетарен фонд за Македонија во извештајот “Западен Балкан – 15 години економска транзиција” ги посочи салобостите на македонската економија. Тоа се : Инфраструктурата, технолошката подготвеност, развој на финансискиот пазар, здравството и основното образование, како и високото образование и обуката .

images

Извештајот е преставен на конференцијата што се одржува во Виена, на која што учествуваат претставници на ММФ и на земјите од регионот и реномирани економисти, меѓу кои и Пол Томсен, првиот шеф на Мисијата на ММФ за Македонија и шефот на Тројката која ги водеше преговорите со Грција за мерките за стабилизација, како и Џефри Сакс, професор на универзитетот Колумбија од САД кој стана познат по неговиот пристап за шок терапија и кој беше советник на повеќе влади, меѓу кои и онаа на Анте Марковиќ во поранешна Југославија.