Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека Извршниот одбор на ММФ го одобрил двегодишниот аранжман за Северна Македонија според Линијата за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) во износ од околу 530 милиони евра.
„ПЛЛ Аранжманот ќе ги поддржи политиките на властите за справување со економските последици од два последователни глобални шокови; пандемијата Ковид-19 и руската инвазија на Украина“, се вели во соопштението на ММФ.
Северна Македонија, според ММФ, се квалификува за ПЛЛ врз основа на нејзините здрави економски основи, силни институционални политички рамки, досие за добри економски перформанси и имплементација на политиките и посветеност да се одржуваат таквите политики во иднина.