МНАВ ќе го одобри стартот на обуката за избраните кандидати за контролори за летање

од Nikola Popovski
126 прегледи

Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје денеска одлучи да го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и да даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување. Го задолжи претседателот на Комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката.

Од М-НАВ во соопштение истакнуваат дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти“.

Изразуваат, како што велат, длабоко жалење што поради некои неточни и непроверени информации кои се пласираа во јавноста, се создаде погрешна слика за процесот околу огласот за прием на осум кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање.

Дополнуваат дека како и досега, така и во иднина ќе продолжат со професионално вршење на својата дејност.

– Никогаш не би дозволиле да се загрози безбедноста на воздушниот сообраќај над нашето небо при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност при давање на услугите за воздухопловна навигација континуирано се и ќе се одржуваат на највисоко ниво, потенцираат од М-НАВ.

МНАВ е институција со сопствени тела за менаџирање и своја програма за работа и сопствен буџет. Според информациите на Владата, постапката за избор на кандидати за обуки на контролори е се уште во тек. Согласно меѓународните стандарди, МНАВ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Еуроконтрол и на меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај, на кој што е членка, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Ова следува по медиумските објави за оставки и оспорувањето на конкурсот во МНАВ за контролори за летање.

Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ,

Слични содржини