Лидерот на Алијанса на Албанците (АА) Арбен Таравари вечерва изјави дека стои на секој пишан збор досега, откако беше критикуван дека пред две години во колумна ги обвинува СДСМ и ДУИ.
-Ништо од тоа не би сменил, меѓутоа периодот во кој што сега се наоѓаме како држава е поинаков отколку пред февруари 2022. Инвазијата во Украина смени многу, како и почетокот на скринингот на Македонија и Албанија со ЕУ. Ние сме свесни дека ова доближување со власта поздразбира наш обид за да се стигне до 80 пратеници. Ако ги следите од ВМРО последно време, ќе видите дека нивните појавувања против мене и Алијанса се хистерични и веќе добиваат ненормална димензија. Тие се однесуваат дека АА мора да остане во опозиција, дека сме фатени и дека не притискаат. Сакаме да испратиме со ова и порака до ВМРО, рече Таравари во емисијата „Вин-вин“ за влегувањето на неговата партија во Владата.
Тој смета дека најголемата опозициска партија не мислат дека ако Македонија не ги започне преговорите со ЕУ е уште потрагично за државата и народот.
-Со бројка 64 пратеници многу потешко може да се дојде до 80 и со бетонирана бројка од 72 и плус БЕСА која мислам би гласале како Алијанса, пак недостигаат уште 6, меѓутоа многу е полесно е да се стигне од 74 до 80 отколку да се стигне во оваа состојба во која е актуелното мнозинство, порачува Таравари за уставните измени.