За време на пандемијата на коронавирусот, неопходна е заштитна маска со цел да се заштити нашето здравје и здравјето на другите луѓе.
Бидејќи секогаш ни е при рака, многу луѓе што се возачи во својот автомобил чуваат заштитна маска закачена на внатрешнот ретровизор. Но, тоа може да биде опасна идеја, предупредуваат експертите!
Проблемот не е само во тоа што видното поле на возачот е ограничено, особено при вртење, туку и затоа што маската на тоа место го одвлекува вниманието на возачот.
Истото важи и за приврзоците за ретровизор.
„Дури и релативно малите приврзоци за ретровизор, освежувачи на воздухот и слично, се опасни“, вели Питер Ракер, автор на истражување на несреќи за германската компанија ДЕКРА, додавајќи:
„Значи, тоа е уште поважно за релативно големите маски за лице“.
„Бидејќи тука секогаш виси некој предмет, возачите се навикнуваат на постојани движења на работ на видното поле. Како последица на тоа, возачите забележуваат движења надвор од возилото многу подоцна, како што се велосипедисти или пешаци од десната страна на патот”, објаснува експертот, предупредувајќи дека ова може да предизвика сериозни сообраќајни несреќи.