Многу сме нервозни и тоа е проблем: Аморим бара од своите играчи да бидат смирени

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Двете последователни победи, а потоа и поразот од Тотенхем со три примени гола навестија дека Манчестер Јунајтед конечно почнува да игра онака како што посакува тренерот Рубен Аморим, но потоа дојде мечот против Бурнемаут.

Тимот од „Олд Трафорд“ беше поразен со 0:3 на домашен терен и повторно одигра натпревар под угледот на клубот, што особено го погоди португалскиот стручњак.

„Бевме дефокусирани и неврзани, а пред се нервозни. Тоа беше толку очигледно во нашата игра. Како да не верувавме во тоа што го правиме. Почнавме да играме дури кога ривалот имаше опиплива предност, а до тогаш бевме надиграни и на тоа треба да работиме. Нашата желба е да влеземе во победничка серија, но тоа не е така лесно. Се трудиме, не можам да кажам дека играчите не се трудат, само мора да биде многу подобро“, изјави Аморим по мечот.

Португалецот потоа истакна дека неговиот тим има проблем ако прво не постигне гол и затоа е важно играчите да бидат сконцентрирани и смирени.

„Не можам да кажам како ривалот создаваше шанси пред нашиот гол, но кога не отворија, нервозата стана уште поголема, а тоа не смее да се случи. Ние, пак, имавме шанса да поведеме , но не успеавме и страшно ме погодува тоа што секогаш имаме проблем кога го примаме првиот гол“, изјави Амиром и додаде:

„По пеналот и вториот гол на противникот ние бевме тие кои го контролиравме натпреварот, но дотогаш веќе беше доцна. Им порачувам на моите играчи дека мора да бидат мирни, да не подлегнуваат на емоциите, туку цело време да се фокусираат на натпреварот и неговата важност, тоа е процес и знам дека ќе успееме на крајот“.

Манчестер Јунајтед моментално ја зазема 13. позиција на табелата во Премиер лигата со 22 освоени бода, а следниот натпревар „црвените ѓаволи“ ќе го одиграат на 26 декември на гостувањето кај Вулверхемптон.

Слични содржини