Крис Џенер, мајката на старлетата Ким Кардашијан, неодамна повторно шокираше со своја изјава.
Таа зад себе има два брака, а особено интересен беше вториот со Брус Џенер, кој потоа го промени полот и стана Кејтлин Џенер. И покрај големата популарност, Крис успева да се посвети на себеси, па многу луѓе се изненадени кога ќе слушнат колку години всушност има.
Имено, Крис неодамна наполни 67 години, а моментално е во врска со Кори Гембл кој има само 41 година.
Позната е како некој за кој нема табу теми, а често зборува за своите интимни односи. Врската со сегашниот партнер ја карактеризира како многу страсна, додавајќи дека имаат редовни односи и дека нејзиниот партнер ја смета за ненаситна во сексот.
Крис сподели и една анегдота и дополнително го обелодени нејзиниот приватен живот. Нејзината најстара ќерка Кортни одлучила да го следи Кори со пријателка, откако слушнала дека се гледа со жена со црвена коса. Сепак, на крајот се покажало дека тоа е Крис и дека таа носела перика.
Исто така, таа еднаш ја избркала екипата на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ од канцеларијата на нејзината ќерка Кајли, за да може да има секс со своето момче, пренесува „Style“.
Ова не е првпат Крис да открива вакви детали, таа ги шокираше сите со своите признанија во книгата што ја објави во 2011 година.
Тогаш пишувала за врската со Тод Ватерман, со кој, според неа, не го избрала местото или времето каде ќе имаат односи. Таа во книгата наведе некои од местата, а тоа се автомобилот, тениското игралиште, куќата покрај базенот, гаражата, скалите…
Она што особено ја шокираше јавноста е тоа што таа отворено ги споделува искуствата со своите ќерки.