„Многу сум среќна“: Поранешната и сегашната девојка на Орландо Блум во прегратка

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Манекенката Миранда Кер и актерот Орландо Блум се разделија во 2013 година и секој тргна по својот пат.

Двајцата беа во брак три години и го имаат синот Филин. Славната двојка тогаш се договорила што и да се случи меѓу нив, нивниот син секогаш ќе биде на прво место.

Во меѓувреме, Орландо ја најде среќата со пејачката Кети Пери, со која доби ќерка, додека Миранда е во брак со ко-основачот на Snapchat, Еван Шпигел, со кој доби уште два сина.

Меѓутоа, за нив не важи правилото дека поранешната и сегашната љубов мора да се мразат. Напротив, Кејти и Миранда неодамна беа видени на еден настан, а во таа прилика во прегратка позираа за медиумите.

Станува збор за Arts Gala во Лос Анџелес, а за таа прилика Миранда избра елегантен бел фустан, додека пејачката буквално блесна во металик комплет.

Миранда претходно откри дека таа и Кети одлично се согласуваат, а пејачката додаде дека е многу врзана за синот на својот партнер.

„Многу сум среќна што ги делам родителските должности со Орландо и Кети“, изјави Миранда за австралиското издание на магазинот „Вог“.

„Од првиот ден кога решивме да се разделиме, му реков дека што и да правиме, на прво место треба да ги ставиме желбите на нашиот син, а не нашата. Така донесуваме одлуки. Семејството ми е приоритет број еден, потоа работата, па компанијата и дури потоа доаѓаат моите пријатели, за жал. Се тешам себеси мислејќи дека нема да биде вака засекогаш“, заклучила манекенката.

Слични содржини