Речиси половина жени запаѓаат во мрачно расположение после секс, открија научниците од Универзитетот за технологија во Квинсленд, Австралија.
Во своето ново истражување тимот под раководство на Роберт Швајцер (Robert Schweitzer) откри дека некои жени чувствуваат немир или тага по сексуален однос, а исто така страдаат од посткоитална иритабилност и нарушена самодоверба, тврди Newsland.
Швајцер откри пред изданието дека 46% од испитаните жени страдале после секс од тага која се изразува во плачливост, меланхолија или агресија – барем еднаш во својот живот. Во исто време 20% од испитаните во анкетата ги доживеале овие симптоми неколку пати во текот на минатиот месец. Истражувачите испрашувале до 230 сексуално активни жени. Швајцер истакна дека тие не нашле поврзаност помеѓу фреквенцијата на мрачните расположенија по сексот и љубовните односи и блискост меѓу партнерите.