Многумина ќе бидат изненадени: Вака изгледа вистинскиот живот на Џастин Бибер

369 прегледи

Канадскиот пејач во последните неколку месеци во потполносот го смени начинот на живот. Тој неодамна призна дека од 19 години живеел во пекол поради дрогата која го правела агресивен, насилен и себичен и дека од себе оддалечил луѓе кои ги сака.

Сепак, со текот на времето успеал да се отараси од пороците, а потоа следуваа нови проблеми, поради кои постојано ги одложувал новите песни, што многу ги лутеше фановите кои се посомневаа дека тој повторно е во депресија.

Сепак, ова не е вистина. Бибер боледува од лајмска болест, за што ја извести јавноста на почетокот од годинава. Во таа прилика тој навел дека болеста ја загрозила неговата кожа, мозочната функција и здравјето воопшто и дека тоа е една од причините поради кои тој е поинаков.

– И додека сите зборуваат како Бибер личи на измет, не се ниту свесни дека неодамна ми е дијагностицирана лајмска болест. И не само тоа, тоа се одрази на мојот вид, на мојата кожа, мозочната функција, енергијата и целокупното здравје. Овие работи ќе бидат објаснати во документарецот кој наскоро ќе го објавам на Јутјуб. Ќе дознаете со што се носев и борев! Беа тешки неколку години, но со соодветна терапија ќе успеам да ја победам болеста и ќе се вратам подобар од било кога – напиша Џастин во јануари, кој во меѓувреме го смени начинот на живот.

Лесните девојки и лажните пријатели ги замени со вистински, со кои го најде својот мир, а деновите ги минува дома играјќи шах и други друштвени игри, на изненадување на многу од неговите фанови.

Џастин привлече големо внимание објавувајќи фотографија со коментар: „Ги сакам ваквите вечери“.

View this post on Instagram

I love these nights

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Слични содржини