По формализирањето на името на нашата коалиција, денес, нашиот Сојуз одлучи да ги сплоти и пратениците во една пратеничка група. Во духот на одлуката на нашите партиски органи, ние денес сме поднеле до претседателот на Собранието известување дека од сега понатаму ќе имаме заедничка пратеничка група. Координтарот на оваа група, со согласност од трите партии, се поставува пратеничката Сафије Садики Шаини, додека заменик-координатор пратеничката Мерита Коџаџику, изјави денеска преку прес-конференција, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши кој заедно со Изет Меџити и Биљал Касами го формираа Европскиот сојуз за промени.
На овој начин, вели Гаши, Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности кои ги дава Деловникот на Собранието за пратеничките групи.
-Иако пратеничкиот мандат е при крај, сметаме дека има многу отворени прашања и процеси поврзани со европската иднина на замјата, за што нашиот Сојуз е сериозно заинтересиран да помогне. Во овој правец, и формирањето на пратеничката група ќе биде додадена вредност во оваа соработка. Од тука сакаме на граѓаните да им ја соопштиме радосната вест дека нашето здружување расте и нашата моќ се зголемува, кажа Гаши.
Здружената албанска опозиција апелира до претседателот на Собранието, Талат Џафери, да не го пролонгира изборот на членот на ДИК, за кого велат ѝ следува на опозицијата, бидејќ, како што истакнуваат, тоа го прави соучесник во непочитувањето на Изборниот законик.
-Ние ја сфаќаме неговата тенденција и манипулација, но, да знае дека ова не му поминува. Ние сме одлучни оваа битка да ја водиме се до целосното ослободување на Албанците од режимот на ДУИ и нивните чираци. Во овој пат ништо не не обесхрабрува. Напротив, колку повеќе сметаат дека не напаѓаат и попречуваат, ова само не прави посилни. Мнозинството од Албанскиот народ во Северна Македонија, кој сакаше нас да не види заедно во овој Сојуз, сака промена и оваа лавина на промена никој не може да ја спречи. Ние сме тука само за да ја исполниме оваа обврска и вредно да работиме за да овозможиме успех на нашата заедничка иднина, стои во заедничкото соопштение на трите партии.