МНР: Бучковски во посета на Софија, ќе се бараат решенија за напредок во преговорите

271 прегледи

Специјалниот претставник за преговорите со Бугарија за С.Македонија, Владо Бучковски, денес во Софија ќе оствари средба со претставници на соседна Бугарија по однос на повеќе прашања, информираа од Министерството за надворешни работи.

„Министерството за надворешни работи и Владата на Северна Македонија остануваат на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно, взаемно решение за билатералните разлики по различни прашања со соседна Бугарија, како и за враќање на довербата во ефикасноста и успешноста на Договорот за пријателство од 2017 година“, се вели во соопштението од ресорното министерство.

Како што велат од МНР, доставен е кон крајот на годината акциски план за имплементирање на Договорот за добрососедство од 2017. година. Оттаму министрите за надворешни работи, Екатерина Захариева и Бујар Османи се договорија за размена на мислења и соодветни предлози.

„Во оваа насока во претстојниот период ќе имаме конструктивен придонес преку нашиот специјален претставник, а истото го очекуваме и од бугарска страна, како можен единствен како единствен можен начин до изнаоѓање решение“, пишува МНР во своето соопштение.

Бугарските медиуми велат дека посетата на Бучковски ќе биде во времетраење од неколку дена.

Слични содржини