Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информира за имињата кои се назначени за нови амбасадори, по добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски.
На листата се Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.
-Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24, објави Османи и додаде дека процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи.