МНР ги осуди провокативните навреди и пароли на „Гробарите“: „Српската страна изрази жалење и се огради“

од Nikola Popovski
156 прегледи

Министерството за надворешни работи (МНР) ги осуди навредливите скандирања и пароли на ракометниот натпревар меѓу Партизан и Вардар, кој се одржа пред два дена во Белград. Од таму велат дека стапиле во контакт со колегите од Министерството за надворешни работи на Република Србија, при што упати реакција со осуда.

-Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани. Министерството укажа дека ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји. Српската страна, преку својата Амбасадорка во Северна Македонија, изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји, истакнаа од македонското МНР.

Натпреварот од СЕХА лигата во Белград меѓу Партизан и Вардар доби големо внимание, но не поради победата на српскиот клуб, туку поради однесувањето на „Гробари“.

Покрај гласната поддршка за своите ракометари, натпреварот го искористија и за политички провокации на македонскиот тим и навивачи. Грчкото знаме и разни пораки беа дел од кореографијата на овој меч, а се скадираше и „Стара Србија, никогаш Македонија“.

„Група со српско име, слави бугарски војник, мора да ви е тешко со таа криза на идентитет во главата“, пишуваше на транспарентите што ги кренаа на средбата,

Слични содржини