МНР ги повика граѓаните да се воздржат од патувања во Либан

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од неесенцијални патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот .

Информираат дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачуваме на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја напуштат земјата.

Потсетуваат дека Северна Македонија нема дипломатско Конзуларно претставништво во Република Либан и соодветно, значително намалено присуство во земјата, што ги отежнува можностите за асистенција при евентуална евакуација, доколку дојде до дополнително влошување на безбедносната состојба.

МНР ги повикува нашите државјани кои се наоѓаат на територијата на Република Либан веднаш да го пријават своето присуство, локација и намери на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Каиро +201033615542 и на дежурниот број на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив +972 54 926 7378.

На располагање се и СОС телефоните на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и на следната и-мејл адреса: [email protected]

Слични содржини