МНР ги повика граѓаните на С. Македонија кои се во Израел да ги почитуваат упатствата за безбедност

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx

Инаку според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, Израел, седум државјани на Република Северна Македонија се наоѓаат во градот Виетлем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања.

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурниот телефон на министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378

Слични содржини