Министерството за надворешни работи на Македонија ја негира изјавата на грчкиот шеф на дипломатијата, дека заедничка комисија ќе го отстранува иредентизмот во македонските учебници.
Во одговор за ТВ21 од МНР велат дека Димитров и Коѕиас во Њујорк не разговарале за формирање комисија за ревизија на учебниците, туку за средба меѓу македонски и грчки историчари.
Но, во интервју за грчката телевизија ЕРТ, Коѕиас вели дека договорено е да се ревидираат македонските историски и географски учебници со цел да се отстрани како што вели иредентизмот, термин кој Грција во последно време зачестено го користи.
Меѓутоа, во меѓувреме Грција притиска и од друга страна, а тоа е префрлање на спорот, не само врз името на државата туку и врз јазикот, државјанството и кратенките. Но, пред неколку денови премиерот Заев изјави дека лично не е подготвен да преговара за идентитетот на македонскиот народ.
Во јавноста се шпекулира дека со потпишувањето на договорот со Бугарија, во македонските учебници ќе се ревидираат одредени историски моменти за кои Бугарија чувствува дека и припаѓаат лично неа.