16
Македонското МНР го осуди го осуди ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.
Оттаму велат дека амбасадата во Тел Авив веќе стапила во контакт со надлежните институции на Израел за да потврди дека меѓу жртвите и повредените нема наши државјани.
„Имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум“, велат од МНР, од каде уште еднаш потсетија на дежурните телефони за контакт.