Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението „Иван Михаилов“ во Битола.
„Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина“, велат од МНР во својата реакција.
Според нив, ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на С. Македонија.
Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин, додаваат од МНР.