МНР го поздравува отворањето на преминот Рафах, македонските државјани во Газа се на списоците за евакуација

од Nikola Popovski
179 прегледи

Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.

Како што претходно информираа оттаму, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваат наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција.

-Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучен, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, стои во соопштението од ресорот дипломатија.

Слични содржини