МНР на Германија: За избори потребни се веродостојни избирачки списоци, медиумски реформи, разграничување меѓу партија и државата

од desk3
151 прегледи

Министерството за надворешни работи на Германија денеска преку соопштение информира дека се согласува со оценката на Европската комисија во врска со подготовките за парламентарни избори во Македонија.

izbori

– Сојузната Влада ја дели оценката на Европската Комисија во врска со состојбата на подготовките за парламентарни избори во Македонија. Потребни се понатамошни реформски чекори, пред да постои можност за избори според европски стандарди. Одговорноста да ги донесе потребните заклучоци од моменталната состојба на изборните подготовки, лежи кај потписниците на спогодбата од Пржино. Сојузната Влада ги повикува засегнатите партии да вложат напор, конструктивно и со потребната политичка волја да изнајдат заедничко решение, кое ќе ја придвижи земјата напред во правец на европската интеграција, се наведува во соопштението.

Одложено гласањето за Резолуцијата за Македонија во ЕП- проблемот е политичката криза

Воедно се додава дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не смее да се огради од сознанието дека изборите ќе ѝ помогнат на земјата единствено ако претходно се создадат предуслови за нивно фер спроведување, согласно европските стандарди.

– За да се обезбедат еднакви шанси (“level playing field„) за сите партии, неопходни се веродостојни избирачки списоци, медиумски реформи, кои сѐ уште не се спроведени, како и разграничување меѓу партија и држава, кое недостига, стои во соопштението од германското МНР.