149
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека денеска Украина официјално во ОН ќе го постави прашањето за исклучувањето на Русија од Советот за безбедност на ОН.
„Нашето прашање е многу едноставно: дали Русија има право да остане постојана членка на Советот за безбедност на ОН и воопшто да биде во Обединетите нации? Имаме убедлив и аргументиран одговор – не, не“, изјави Кулеба, пренесува „Интерфакс Украина“.
Кулеба изрази уверување дека, како што рече, по поразот на Русија во војната која ја започна, прашањето за нејзината иднина повеќе нема да биде табу тема за светската дипломатија.