МНР: Нашите државјани затекнати од невремето во Грција се безбедно и во добра состојба

од Radmila Tasevska
330 прегледи

Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Атина и Генералниот конзул во Солун е во постојана комуникација со нашите државјани кои се најдоа затекнати во погодените места од невремето во Грција, односно во регионот Агиос Иоанис, на источната страна на Пелион во Магнезија, југоисточна Тесалија.

-Се работи за 15 наши државјани, сите на безбедно и во добра состојба. Нашите дипломати се во контакт и со претставниците на локалната самоуправа каде се информираат за локациите каде се наоѓаат нашите државјани, се наведува во соопштението од МНР.

Во Грција институциите информираат дека интензивно се работи на расчистување на патиштата, надлежните ги преземаат сите мерки за снабдување на регионите со храна и вода, а веќе е саниран и проблемот со снабдување со електрична енергија.

Слични содржини