МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во Истанбул

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 

Засега нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад што се случи синоќа на аеродоромот „Атататурк“ во Истанбул. Се очекуваат повеќе информации во текот на денот, информираат за МИА од македонското Министерството за надворешни работи.4915092

Потенцираат дека се во постојана комуникација со Македонската амбасада во Анкара и со Конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.

Инаку, авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ со одредено задоцнување слетал на аеродромот „Ататурк“ половина час пред полноќ. Денешниот претпладневен лет од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е предвидено да се реализира со доцнење од околу час и половина, додека вечерниот лет е откажан.

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите, откако напаѓачи-самоубијци од Исламска држава убија 36 лица на истанбулскиот аеродром доцна синоќа.

Националниот авиопревозник соопшти дека сите резервации за летовите од и до аеродромот Ататурк во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат парите доколку сакаат до 31 јули.

Сведоци на ужасот во Истанбул открија шокантни детали (фото / видео 18+)

Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од т.н. исламска држава.

Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе, соопштија турските власти.

Аеродоромот „Ататурк“ во Истанбул годишно го користат повеќе од 60 милиони патници.

Слични содржини