МНР: Нема информации дека македонски државјанин го загубил животот во сообраќајка во Бугарија

од Nikola Popovski
201 прегледи

Амбасадата на Република Македонија во Софија направи дополнителни проверки, но според досега добиените податоци, нема информации за сообраќајна несреќа во која учествувал камион со регистарски таблички на Македонија, ниту за наш државјанин кој го загубил животот, информираат за МИА од МНР.

Сообраќајната несреќа во која учествуваа два камиона се случи утрово околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на 161-от километар на автопатот Тракија на коловозната лента во правец кон Софија, кај местото Оризово во реонот на Стара Загора. До несреќата дошло кога едниот камион удрил во другиот, што стоел на крајната коловозна лента. При судирот дошло до излевање на гориво на автопатот од двата камиона, поради што сообраќајот се одвиваше само на една коловозна лента и се формираше колона возила во должина од околу пет километри.

Запознаени за бугарски „Монитор“, коментираат дека починатиот е од Црна Гора.

Ова е уште една сообраќајка на автопатот „Тракија“ во последните неколку дена. Последната била на 371 км во правец кон Бургас, кога 40-годишен украински државјанин изгубил контрола на автомобилот и удрил во камион со романска регистрација.

Слични содржини