МНР објави контакт информации за дипломатските претставништва во врска со трагедијата во Кочани

од Даниел Ѓорѓиевски
37 прегледи

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги објави контакт податоците на надлежните лица од македонските дипломатско-конзуларни претставништва во земјите каде што се хоспитализирани граѓани повредени во трагичниот настан во Кочани.

Во објавената листа се вклучени и дипломатските претставништва во земјите кои понудиле помош за лекување и хоспитализација на повредените. Овие контакт информации се објавени со цел граѓаните и семејствата на повредените полесно да стапат во контакт со надлежните претставници и да добијат соодветни информации и поддршка.

Листата содржи контакт информации од амбасадите и генералните конзулати на Република Северна Македонија во Србија, Бугарија, Грција, Турција, Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија, Полска, Израел и други земји каде што се испратени повредените за лекување.

МНР ги повикува сите засегнати граѓани да ги искористат достапните контакти за каква било потребна информација или поддршка во врска со нивните најблиски.

https://mfa.gov.mk/mk/page/13/post/3983/soopshtenie1

Слични содржини