Министерот за надворешни работи Бујар Османи нема да оди на Годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија во Банско, каде бугарското Министерството за надворешни работи го покани на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија.
„Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период министерот Османи ќе се фокусира на процесот во Собрание, а експертите од двете министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба Осамни и Генчовска повторно ќе одржат онлајн средба“, велат од македонското МНР.
На состанокот во Банско, според соопштението на бугарското МНР, било планирано да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиот период и да се превземат мерки за подобрување на соработката во сите сектори.