МНР побара македонските државјани да ја напуштат Украина

од Nikola Popovski
184 прегледи

Сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата, побара македонското Министерство за надворешни работи. Дополнително се соопштува сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата.

-Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:

+380442877882

+380663951190

е-mail: [email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, стои во соопштението на МНР.

Американскиот Стејт департмент и претседателот Џо Бајден синоќа ги повикаа Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата, повикувајќи се на разузнавачките податоци кои посочуваат на зголемена закана од руска инвазија.

Слични содржини