МНР: Побарани се дополнителни гаранции со кои ќе се укаже дека компанијата „Еуроинвест медиу“ нема конфликт на интерес од било кој тип

од Nikola Popovski
253 прегледи

По повод вчерашната реакција на компанијата „ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ”, Министерството за надворешни работи ја информира јавноста дека постапката за избор на најповолен понудувач, на огласот со број 19953/2023, за реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих е во тек. Порачуваат дека на огласот има пријавено само една компанија за ДЕЛ-1- Компанијата ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ, с. Зајас додека две понуди има за ДЕЛ-4. 

-Иако е завршена евалуацијата на законските и тендерските побарувања на понудите од страна на комисијата за јавни набавки, сепак, поради чувствителноста на јавноста,  по насока на Министерот, а со цел целосна транспарентност, побарани се дополнителни гаранции и потврди со кои ќе се укаже дека компанијата нема конфликт на интерес од било кој тип.

Иако не е законска обврска, ниту пракса, Комисијата за набавки при Министерството за надворешни работи побара и доказ дека компаниите не се донатори на политички партии, велат од МНР.

Во рамките на целата постапка, за делот каде што има пријавено повеќе од една компанија, ќе биде одржана електронска аукција.

-По завршување на сите постапки Министерството ќе се води само по словото на законот и нема да дозволи никакви субјективни фактори да влијаат при одлуката за избор, стои во соопштението.

Компанијата вчера преку соопштение до јавноста реагираше дека Министерството за надворешни работи го одолговлекува склучувањето на договорот за тендер за реконструкција на амбасадата во Цирих само поради тоа што се од Зајас.

Од таму велат дека се единствената компанија која се пријавила на повикот за реконструкција на дипломатското претставништво во Швајцарија.

Слични содржини