МНР реагира на несоодветни изборни спотови во Бугарија

од Берта Китинска
257 прегледи

Министерството за надворешни работи денеска испрати реакција по повод појавени несоодветни изборни спотови во Република Бугарија.

„Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме.Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија“, се вели во реакцијата на МНР.

Меѓу спорните спотови е и на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, а во кој има кадри од Охрид и се вели дека тие ја бранат „бугарштината“.

Слични содржини