Министерството за надворешни работи изразува длабоко извинување за ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата Министри при посетата на Министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите, соопштија од МНР по направената грешка со знамето при пречекот на Министерката Фајон во Скопје.
-Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на Министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста. Иако не може да има оправдување за направениот пропуст, Министерката со целосно разбирање ја прими грешката како ненамерна, без никакво влијание врз успешноста на средбите и посетата, посочија од МНР.
Словенечката министерка за надворешни во кабинетот на својот колега беше пречекана со знамето на Република Словачка.
Ова не е првпат Македонија да се згреши на прашањето на познавањето на знамињата на државите од светот.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц во Скопје пред Владата, од Заев беше пречекан со летонско знаме. Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ беше дочекан во претседателската вила на Водно со црногорското знаме свртено наопаку, по што се извини претседателот Стево Пендаровски.
Фото: MИА