МНР се огласи: Седум македонски државјани се во хотел во близина на инцидентот во Косово

од Nikola Popovski
174 прегледи

Седум македонски државјани, од кои едно дете, се наоѓаат во хотел во непосредна близина на манастирот каде што беше извршен вооружен напад врз косовските полициски сили, соопшти синоќа Министерството за надворешни работи.

Се наведува дека во текот на денот шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, во неколку наврати во текот на денот имал директна комуникација со неговата косовска колешка Доника Гервала-Шварц и косовската полиција во моментов го обезбедува хотел во кој македонски државјани престојуваат, од каде се очекува да бидат испратени дома.

Се додава дека Амбасадата на Македонија во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово и во директна комуникација со македонските граѓани.

„Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите граѓани и со косовската полиција до целосно завршување на нивниот трансфер“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Фото: TANJUG/ STR

Слични содржини