МНР со апел до македонските државјани: Да не се патува во Русија, кој е таму нека ја напушти земјата

од Nikola Popovski
161 прегледи

Се уште важи апелот до македонските државјани доколку се во можност да ја напуштат Русија, упатен на 28 февруари годинава, кога беа воведени рестриктивните мерки кон Москва, како одговор на руската инвазија на Украина, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи.

Од таму ги повикуваа сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.

Од МНР посочуваат дека за поддршка на државјаните на земјава кои се наоѓаат во Русија на располагање се телефонските броеви во нашата Амбасадата: + 74 99 124 33 57 (фиксен) и + 79 58 643 34 63 (мобилен), како и и-мејл адресите: [email protected] и [email protected].

-Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната и-мејл адреса: [email protected], потенцираат од македонската дипломатија.

Слични содржини