Во континуитет гледам една висока доза шовинизам од страна на опозицијата, особено насочена кон жените, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски во ворска со тврдењата на опозицијата дека несудената конзулка во Њујорк, Бесмира Ејупи е нововработена во МНР.
Ковачевски не даде конкретен одговор за тоа дали Ејупи е вработена во МНР, посочувајќи дека ова е административно прашање и дека одговори треба да даде ресорниот министер.
„Лицето за кое ме прашувате била вработена во општина која што подолг период е водена од градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Така што треба да се провери дали е вистина за да видиме кои се мотивите за такви напади“, рече премиерот.
Дипломатијата продолжува да пропаѓа
Од опозицијата велат дека јавноста овој тв лик го памети по скандалозниот обид да биде именувана како генерален конзул во Њујорк, но и како лик на кој и биле исплатени 12 илјади евра на име на хонорари од неколку институции, за што постои и истрага.
-Е сега Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи кај Бујар Османи, кој пред само извесно време тврдеше дека не ја познава дотичната особа.
Бесмира Ејупи е вработена од неодамна е вработена како соработник во одделението за правни работи во МНР, а почната е процедура за издавање на безбедносен сертификат „доверливо“.
Ковачевски веројатно ќе продолжи да молчи, како и минатиот пат кога скандалозно беше именувана за генерален конзул, затоа што или никој не го прашува или не смее да се меша.
Ете затоа македонската дипломатија се наоѓа на ова дереџе. Бујар Османи и ДУИ имаат добиено одврзани раце од Ковачевски и СДС да прават што сакаат и како сакаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.