МНР упати извинување до српските власти за грешката со поштенската марка

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Министерството за надворешни работи за МИА потврди дека преку вршителот на работи во амбасадата во Белград упати извинување до српските власти во врска со грешката направена во АД „Пошта на Северна Македонија“, истакнувајќи дека е направен ненамерен дизајнерски пропуст за којшто веќе се преземени соодветни чекори.

Донесени се одлуки за повлекување од употреба на спорната поштенска марка и поништување на целокупниот тираж, како и одлука за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.

Беше пренесено и официјалното извинување од страна на АД „Пошта на Северна Македонија“ во кое се изразува жалење за ненамерната грешка и техничките пропусти при објувувањето на марката.

Министерството за надворешни работи недвосмислено и децидно отфрла каква било поврзаност со овој немил настан, изразувајќи жалење до сите засегнати страни, на граѓаните во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.

Регионалната соработка и добрососедските односи се главниот столб на надворешната политика на Република Северна Македонија и остануваме посветени на нашите заложби за уште посилен ангажман и соработка со непосредното и поширокото соседство во исполнувањето на преостанатите обврски и реформи на патот на европската интеграција, со силен меѓусебен амалгам и во интерес на сите граѓани во регионот, велат од МНР

Слични содржини