МНР врачи вербална нота до Софија поради написите „Македонија е Бугарија“

од Nikola Popovski
255 прегледи

Македонската дипломатија најостро ги осудува вчерашните написите „Македонија е Бугарија“ кои беа истакнати од дел од бугарските пратеници за време на седницата во тамошното Национално собрание при расправата за усвојувањето на францускиот предлог.

-Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот. Република Северна Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Северна Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава, велат од македонското МНР.

Притоа информираат дека врачена е соодветна вербална нота со оваа содржина до бугарското Министерство за надворешни работи.

Пратеници од партијата „Препород“ во бугарскиот парламент држеа написи на кои пишуваше „Македонија е Бугарија“, како и гости на балконот од пленарната сала. Претседателот на Собранието, Атанас Атанасов побара да се тргнат транспарентите, објавија бугарските медиуми.

Бугарското собрание вчера го усвои францускиот предлог за преговарачката рамка на С. Македонија со ЕУ.

Фото: Димитър Кьосемарлиев, Bulgaria ON AIR

Слични содржини