МНР за повредените македонски државјани во несреќата кај Солун: Возачот бил извлечен од противпожарната единица

од Берта Китинска
292 прегледи

Според информација добиена од генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, околу 1 часот по полноќ автомобил во кој се превезувале пет државјани на Северна Македонија се превртел на клучката Амфиполеос, близу префектурите Солун – Серес, информираат од Министерството за надворешни работи за „Локално“.

Од МНР велат дека во несреќата интервенирала и противпожарната единица, а повредените патници се пренесени во болница.

-За извлекување на возачот била потребна помош од противпожарната единица, а сите патници биле пренесени во болницата АХЕПА како и во болницата во Серeс, но се вон животна опасност.Министерството за надворешни работи на Северна Македонија преку генералнип конзулат во Солун останува на комуникација со надлежните грчки институции, и штом има нови информации поврзани со случајот јавноста ќе биде информирана дополнително, велат од МНР.

Слични содржини