МНР: Запалено возило на македонскиот конзулат во Солун

од Nikola Popovski
373 прегледи

Непознати сторители го запалиле автомобилот на Генералниот конзулат на С. Македонија во Солун, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи. Настанот се уште се истражува, а се случил во 5 и 30 утрово.

Според Министерството, инцидентот, што се случи во четвртокот, нема да ги наруши односите меѓу двете земји.

„Нашиот Конзулат е известен дека грчките власти направиле соодветен увид и ги преземаат сите потребни мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и евентуалните мотиви на овој немил случај, како и дека покрај возилото на нашиот дипломат, во истиот период, било запалено и второ возило на различно место во градот“, пишува во соопштението на МВР.

Слични содржини