379
Македонскиот народен театар започна со санација на кровот којшто протекува уште од отворањето на објектот.
-Станува збор за проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот што гледа кон музејот на Холокаустот. Санацијата ќе чини 1,2 милиони денари, а финансиите ги обезбеди Министерството за култура.Се работи за зафат со кој ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот. Во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје, се вели во соопштението.
Обезбедените средства се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура.