154
Министерството за здравство (МЗ) информира дека системот „Мој термин“ е вратен во функција.
Од Управата за електронско здравство информираат дека националниот систем за електронска евиденција во здравството, „Мој термин“ функционира непречено.
-Пациентите можат континуирано да се лекуваат во сите здравствени установи и матичните лекари можат да вршат секојдневни прегледи, да издаваат упати и рецепти, кои се подигнуваат во аптеките без застој, велат од МЗ.