Мојсоски: Смислена хајка против мене, но не знам дали е партиска

од Nikola Popovski
204 прегледи

Ова е смислена хајка, не е од сега, јас го знаев ова уште поодамна. Почнува со едниот вработен Томче Андоновски кој беше водител на сектор спорт кај нас, па сега е моментално советник во Антикорупциската комисија Сега и други чинители кои сами се прилепија на ова – уште незавршена седницата излегоа со соопштение и бараа моја оставка, вели директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски после обвинувањата од ДКСК за злоупотребите на пари во институцијата и ваучерите за спортските клубови, федерации и поединечни спортисти.

Мојсоски потенцира дека тој не ги дели средствата и дека постапката не е толку објаснета пред јавноста.

-Ваучерите ги прават бодовите, а бодовите ги прават самите матични федерации. Не сакам да поверувам дека некој ме мести, досега не сум слушнал. Не знам дали ова е партиско. Се гледа дека е оркестрирано. Сакам да ги видам комплетните извештаи од ДКСК, па ќе излезам точно што било како било. Мислам дека има наоди од поранешни вработени и господинот Даниел Димевски кој го измисли ваучерот, рече Мојсоски во емисијата „Студио 10“.

Македонскиот олимписки комитет претходно ја повика Владата да го разреши Мојсоски поради незаконско работење при распределбата на финансиски средства на спортски федерации и екипи, и „итно да ја замрзне постапката за доделување спортски ваучери која е во тек за 2023 година“.

 

Слични содржини