120
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека хуманитарната помош од Министерството за одбрана и Армијата замина кон Турција.
Помошта се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош.
Петровска испрати благодарност до македонско-турската стопанска комора, која се погрижи за пакувањето и транспортот на хуманитарната помош.
Пратката ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.