МО и Армијата испратија 5000 ќебиња и 200 носилки за прва помош за Турција

од Nikola Popovski
120 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска информираше дека хуманитарната помош од Министерството за одбрана и Армијата замина кон Турција.

Помошта се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош.

Петровска испрати благодарност до македонско-турската стопанска комора, која се погрижи за пакувањето и транспортот на хуманитарната помош.

Пратката ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.

Слични содржини