МО: Македонското небо е безбедно и нашето членство во Алијансата е повеќе од видливо (ФОТО)

од Берта Китинска

Два воени воздухоплови од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, како приказ за заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји-членки на безбедноста и стабилноста на евроатланската област.

-Македонското небо е безбедно и нашето членство во Алијансата е повеќе од видливо.Бомбардерите Б-52 во Северна Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар, велат од министерството за одбрана.

Слични содржини