Лидерот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, е вклучен во уште еден „намерен обид да се поткопа авторитетот на официјалните воени власти“ во Русија, се вели во најновиот разузнавачки извештај на министерството за одбрана на Велика Британија.
„Во понеделникот Пригожин рече дека очекува одговор од руското министерство за одбрана во врска со „договорот“ што тој самиот го составил и го доставил до министерството три дена претходно“, соопшти руското министерство.
„Ова уследи по ултиматумот на министерството за одбрана до Вагнер и другите ‘волонтерски формации’ да потпишат договори со министерството за одбрана до први јули 2023 година. Тонот на Пригожин кон министерството за одбрана стана недвосмислено конфронтирачки“, наведуваат Британците.
Додаваат дека тоа секако е проблем за руското министерство за одбрана до одреден степен во моментот кога се бори со украинската контраофанзива.
Пригожин со месеци се расправа со руската армија, обвинувајќи ја, меѓу другото, дека не обезбедува доволно муниција за неговите сили.